top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Вредна уметничка слика изгубена на германски аеродром пронајдена во контејнер

15.12.2020 Декември Вторник

Уметничка слика од периодот на надреализмот чија вредност се проценува на 280.000 евра, која била заборавена од бизнисмен на аеродромот во Диселдорф, пронајдена е во во непосредна близина до контејнер за рециклирање на хартија, соопштила полицијата, пренесува „Асошиејтед прес“.

Бизнисменот, чиј идентитет не беше обелоденет, случајно ја оставил сликата на францускиот надреалист Ив Тангуј, зад себе на шалтер за влез, додека се чекирал за летот од Диселдорф до Тел Авив на 27 ноември.

До моментот кога тој слетал во Израел и ја контактирал полицијата во Диселдорф, исчезнала вредната уметничка слика која била спакувана во картон.

И покрај разменување на повеќе електронски пораки со детали за сликата со димензии 40×60 сантиметри, властите не можеле да ја пронајдат, изјавил полицискиот портпарол Андре Хартвиг.

Дури откако внукот на бизнисменот од соседна Белгија отпатувал на аеродромот и разговарал со полицијата директно споделувајќи повеќе информации, еден инспектор успеал да ја пронајде сликата во контејнер за рециклирање хартија што го користи компанијата за чистење на аеродромот.

– Ова дефинитивно беше една од нашите најсреќни приказни оваа година. Тоа беше вистинска детективска работа – рекол полицискиот порпарол.


0 views

Comentarios


bottom of page