Search
Враќање во редовниот термин:34.издание на Саемот на книгата од 3 до 9 мај во Арена „Борис Трајковски
- Aleksandar Santovski
- Mar 25, 2022
- 1 min read
25.03.2022 Mart Petok
Од 3 до 9 мај во А1 Арена „Борис Трајковски” ќе се одржи 34-то издание на Саемот на книгата, под покровителство на Министерството за култура на Република Северна Македонија, кое традиционално ја поддржува оваа културна манифестација.
Организаторите најавуваат дека сите значајни издавачки куќи ќе се претстават со своите најнови наслови – изданија за 2022 година, средби со автори, но и голем број промоции и попусти за време на саемските денови. Учество на овој саем најавија и издавачки куќи од регионот.
Покрај враќањето на Саемот на книга во редовниот термин на одржување, се очекува да се вратат и групните посети за учениците и училиштата.

Comments