top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Врачена „Златната мечка“ за животно дело на Спилберг: Наградата има особено значење бидејќи сум евре

Врачена „Златната мечка“ за животно дело на Спилберг: Наградата има особено значење бидејќи сум еврејски режисер„Германскиот народ покажа дека е подготвен да ја чита историјата на својата земја, да се соочи со нејзините лекции во врска со антисемитизмот, фанатизмот и ксенофобијата, предвесници на холокаустот. Другите земји, вклучително и мојата, можат многу да научат од храбрата решеност на германскиот народ да дејствува за да ги спречи фашистите да ја преземат власта“, рече американскиот режисер Стивен Спилберг при добивањето на почесната „Златна мечка“ за животно дело на Берлинскиот филмски фестивал

На американскиот режисер Стивен Спилберг му беше врачена почесната „Златна мечка“ за животно дело на Берлинскиот филмски фестивал од фронтменот на бендот „Јуту“ (U2), Боно, кој изненадувачки се појави на специјалната церемонија во вторникот.

Спилберг, чијашто „Шиндлерова листа“ е добитник на Оскар во 1994 година и е едно од клучните филмски истражувања за холокаустот, го истакна значењето што еврејски режисер како него добива таква почесна награда во германската престолнина Берлин.

„Честа има особено значење за мене бидејќи сум еврејски режисер. Сакам да верувам дека ова е мал момент, но многу поголем, постојан напор за заздравување на скршените места на историјата, она што Евреите го нарекуваат Тикун Олам, поправка и обновување на светот“, рече тој, а пренесе „Deadline“.

Сцена од „Шиндлеровата листа“

„Германскиот народ покажа дека е подготвен да ја чита историјата на својата земја, да се соочи со нејзините лекции во врска со антисемитизмот, фанатизмот и ксенофобијата, предвесници на холокаустот“, продолжи тој. „Другите земји, вклучително и мојата, можат многу да научат од храбрата решеност на германскиот народ да дејствува за да ги спречи фашистите да ја преземат власта“.

Инаку, Спилберг посочи и дека не е сигурен дали е подготвен за награда за животно дело.

„Се чувствувам малку вознемирено кога ќе ми кажат дека проживеав цел живот затоа што не сум завршил, сакам да продолжам да работам. Сакам да продолжам да учам и откривам…“, рече Спилберг при добивањето на наградата.

„Треба да се вратам на некои од оние претходни страшни филмови, но тоа е друга приказна за понатаму. Сè додека во мене има радост за тоа и додека мојата публика може да најде радост и други човечки вредности во моите филмови, јас не сум подготвен да ‘се спакувам’“.

Реномираниот режисер рече и дека режира веќе долго време, шест децении, но дека му се чини дека дебитанскиот „Дуел“ (Duel) од 1972 и блокбастерот „Ајкула“ од 1975 ги режирал минатата година.

„На 76 години знам многу повеќе за снимањето филмови отколку кога имав 25 и го режирав мојот прв долгометражен филм. Но, вознемиреноста, неизвесноста и стравовите што ме мачеа додека почнав да го снимам ‘Дуел’, останаа живи 50 години како да не поминало време“, додаде Спилберг.

Во внимателен говор полн со почит, пак, Боно презентираше многу од наградуваните наслови на Спилберг, но ја истакна неговата криминална драма од 1974 година, „Шугарленд експрес“ (Sugarland Express) како филм кој имал посебно место во неговата кино-меморија.

„Вечерва му ја давате ‘Златната мечка’ на Стивен Спилберг од вистински причини. Но, негово животно достигнување не е само неговата работа. Тоа е неговиот вистински живот, неговото вистинско семејство. Каква голема чест е да се пречека на сцената визијата што е Стивен Спилберг“, рече рок-ѕвездата.

Сцена од „Фабелманови“

На Берлиналето, режисерот беше пречекан од толпа луѓе на црвениот тепих, а потоа доби и петминутни овации при влегувањето во главната сала, каде што беше придружуван од сопругата Кејт Капшо. По врачувањето на наградата следуваше фестивалска проекција на неговиот најнов филм „Фабелманови“ (The Fabelmans).

Инаку, меѓу претходните добитници на почесната награда „Златна мечка“ за животно дело се Дастин Хофман, Оливер Стоун, Софија Лорен, Кетрин Денев, Ким Новак, Ширли Меклејн, Кирк Даглас, Роберт Алтман, Џек Лемон и Мерил Стрип.





2 views

Comments


bottom of page