Вработување врз основа на следачи, а не на талент? Џенифер Анистон вели шоубизот не е како што беше
Џенифер Анистон мисли дека забавната индустрија сега е помалку гламурозна од некогаш.
52-годишната актерка достигна светска слава како Рејчел Грин во „Пријатели“, но сега смета дека индустријата драматично се променила во последните години.
Во интервју за „Холивуд репортер“ таа вели: „Веќе не знам што е забавна индустрија. Не е истата како порано. Веќе не е толку гламурозна. Полека станува збор за следачи на ‘Тик-ток’ и на ‘Инстаграм’“.
„Се чини дека сега вработуваат врз основа на бројот на следачи, а не врз основа на талентот. Губам контакт, не сум добра во тоа. Ќе останам релевантна и ќе се придружам на Тик-ток’“, рече таа со мала доза иронија.
Џенифер, всушност, се приклучи на Инстаграм во октомври 2019 година, многу подоцна од другите славни личности, и стана корисник што најбргу достигна еден милион следачи. Таа тогаш призна дека, генерално, ужива во интеракција со своите фанови.
Разговарајќи за својот однос кон социјалните мрежи, актерката објасни: „Еднаш прашав дали може да се приклучам на ‘Твитер’ на еден ден и потоа да го деактивирам профилот. Ми рекоа дека треба да продолжам, без разлика дали тоа ми се допаѓа или не“.
Comments