Вработените во Филхармонијата ќе протестираат ако „Оркестарот за џез-музика“ остане со нив под ист п
Вработените во Филхармонијата ќе протестираат ако „Оркестарот за џез-музика“ остане со нив под ист покрив Доколку не се промени одлуката за удомување на новиот џез-оркестар во зградата на Филхармонијата, вработените ќе протестираат, објави на прес-конференција Владимир Лазаревски, прв обоист и претседател на Синдикатот на Филхармонијата. Тој образложи дека не било возможно два оркестра во зградата да фунционираат како два посебни правни субјекта. „Зградата е проектирана и замислена како објект за работа на еден симфониски оркестар. Секоја просторија е предвидена и осмислена со цел вработените да може да ги исполнат своите работни обврски. Реално не е возможно да функционираат две национални устави, два оркестра со годишна програма. ЗЏМ досега реализирале по два-три концерти годишно, што сосема се разликува од бројот на концерти што ќе треба да ги реализираат како национална установа. За да фунционира една институција, па макар таа била во формирање, потребни се и одредени работни места, кои ќе ја подржуваат работата на џез-оркестарот за кој ќе бидат потребни дополнителни канцеларии“, рече Лазаревски. Лазаревски и директорката на Филхармонијата, Тина Иванова, истакнаа дека не биле информирани дека новата национална установа ќе биде сместена во овој објект, а договорите и состаноците биле тајна. Информацијата за тоа, сите, вклучувајќи ја и директорката, ја дознале на социјалните мрежи преку објава на некои портали. Не станува збор за суета, вели Ивановска, туку за реалната ситуација и за можностите за евентуално заемно функционирање.
תגובות