„Војна“ на легендите: Кан не остана должен и жестоко му возврати на Матеус
- Aleksandar Santovski
- Mar 16, 2022
- 1 min read
Лотар Матеус испрати критики до раководството на Баерн Минхен околу тоа како ја менаџира ситуацијата со Роберт Левандовски, напаѓачот кој се уште нема ставено потпис на нов договор и покрај сите притисоци во јавноста. Легендарниот Матеус ги обвини водечките луѓе на клубот дека се однесуваат навистина индолентно и ризикуваат да го загубат најдобриот играч во тимот на Нагелсман, зборови кои стигнаа и до Оливер Кан кој од изминатава година е извршен директор. Главниот оперативец на баварците се приклучи во „војната на легендите“ и жестоко му одговори на Матеус, порачувајќи дека не треба да коментира ситуации за кои нема никаква точна информација. – Лотар никогаш нема водено или менаџирано клуб по крајот на играчката кариера. За жал, во последно време се прославува со својата улога на фудбалски експерт и се обидува да извлече само што е подобри наслови за медиумите. – Ние добро можеме да ја процениме ситуацијата во клубот. Истовремено, го советуваме Матеус да не зборува за теми за кои нема никаков увид на ситуацијата. Што се однесува до преговорите за нов договор, нема да одговориме на притисоците однадвор. Сега почнува решавачката фаза од сезоната и ние сме фокусирани само на 10-та титула во низа во Бундеслигата и на случувањата во Лигата на шампиони, – вели Кан.

Comments