top of page
Search

Војводина го надигра Пелистер во СЕХА лигата

Writer: Aleksandar SantovskiAleksandar Santovski

Македонскиот вицешампион, Еурофарм Пелистер доживеа пораз од Војводина од 29-24 во првиот натпревар од новата сезона во СЕХА лигата.

Домашниот тим го диктираше темпото, резултатот во првото полувреме, водеше и со четири разлика во повеќе наврати, но Пелистер се врати и на пауза се замина со нерешен резултат 14-14. Во вториот дел повторно Војводина беше таа што повеќе се истакна со таа разлика што сега „фармацевтите“ немаа одговор и на крајот заслужено претрпеа пораз на гостувањето во Србија.

Костески со 7 гола беше најпрецизен кај македонскиот прволигаш, дуото Кизиќ-Лесјак пак забележа 13 одбрани.

Во наредното коло Пелистер се соочува со хрватскиот тим Нексе.


 
 

Comments


bottom of page