Восхит, недоумица и возбуда: Уметноста на Михаил Корубин не носи во нов Артокенс универзум (галерија)
- Aleksandar Santovski
 - Oct 23
 - 1 min read
 
22.10.2025 Oktomvri Sreda
Вечерва на изложбата на Факултетот за ликовни уметности, објект Педагошки факултет, не ја видовме уметничката бескрајна приказна, светлост, раце, очи и ликови кои истовремено личат на секого и на никого, по која е препознатлив дома и во светот, уметникот Михаил Корубин, дел од една долга семејна историја на уметници и дел од лозата на великаните на македонското сликарство.
Бев дел од отмена публика од сите генерации и професии што се движеше со љубопитност додека ги гледаше големите платна и минијатурните графики кои како своевидни симболи и на знаковен јазик ги претставуваа најважните работи во животот на еден човек: раѓање, смрт, бакнеж, слобода, џез, тишина.… Сведок на муабети што почнуваа со „видов ли правилно?“, гости што се обидуваат да го прочитаат токенот како ребус или загатка. Исто како кога човек гледа нешто што го разбира на друго ниво, но не сфаќа зошто. Вечерва сите ја доживеавме новата иновативна уметност на Корубин која започна уште пред две години, а сега се развива и добива димензии на нов универзум кој е мешавина од восхит, недоумица и возбуда.
„Се почна со изгрејсонце…рече авторот на отварањето на изложбата „Артокен Генеза“за неговата нова серија слики (акрил и масло на платно), кои ќе бидат интергрирани во Артокенс универзумот. Заедно со нив, беа изложени и 50 нови, досега необјавени Супериорни Артокени, како и целосно новата серија „Раѓање на Артокените“ (акрил на плексиглас). Во рамките на настанот, Корубин го спомна и објавувањето на првиот од четирите тома на Артокен книга, која ги содржи сите досега создадени Супериорни Артокени, скиците од процесот на нивно создавање, како и примарните Артокени за пишување, со нивните правила и синтакса.



















Comments