Волф: Академијата ќе го зголеми фондот на женски таленти и ќе ја отвори вратата за Формула 1
Сузи Волф сакаше да почне кариера надвор од мотоспортот сѐ додека претседателот на Формула 1 (Ф1), Стефано Доменикали, не ѝ пристапи за водење на новата академија, која има цел да создаде патека за жените до врвот на овој спорт. Волф помина кариера обидувајќи се да докаже дека жените се способни да се тркаат на највисокото ниво на мотоспортот и да помогне да се создадат начини да се овозможи тоа, пишува „Би-би-си“. Таа верува дека новата серија може, како што вели, „да создаде место каде што младите девојки ќе можат да имаат патека по прифатлива цена“ за да го почнат своето патување кон врвот. Преземањето на работата, вели Волф, беше премногу добра шанса да се пропушти. „На крајот“, вели таа, „тоа беше нешто што морав да го направам и навистина сакав да го направам“.
ФОРМУЛА 1 ЌЕ ФИНАНСИРА ПОЛОВИНА
Comments