Вокер го издвои најдобриот десен бек во светот и изненади со својот избор
29.05.2024 Maj Sreda
Кајл Вокер освои уште една титула во Премиер лигата и тоа го направи во сезона во која едноставно беше недопирлив во стартната постава на Пеп Гвардиола, нешто што интересно не беше случај пред една година.
Англискиот репрезентативец тогаш мораше да се привикне на системот кој го негуваше шпанскиот стручњак, но благодарение на своето трпение и беспоштедната битка на секој дел од теренот, Вокер оваа сезона повторно се врати во почетните 11 на Пеп.
Вокер за многумина веќе со години наназад е најдобар десен бек во светот, но според капитенот на Манчестер Сити, тој примат го заслужува фудбалерот кој има многу несреќа со повредите во последната година.
Кајл изненади со својата последна изјава и го посочи Рис Џејмс како најдобар десен бек во светот, без разлика на тоа што не играше речиси цела сезона и што не се најде во списокот на Герет Саутгејт за Европското првенство во Германија.
– Најдобар десен бек во светот е Рис Џејмс, тој е најкомплетен. Тој има се, го има насекаде на теренот. Ако треба да го изберам најкомплетниот десен бек, тоа е Рис. Тој знае да се брани, знае да напаѓа, има техника и ги користи двете нозе. Исто така е брз и знае да биде опасен со топка. Ако треба да го составам перфектниот десен бек, би одел со мојата сила, со брзината на Хакими, со техничките квалитети на Кансело, со пас играта на Трент, со менталитетот на Дани Карвахал и со фудбалскиот мозок на Рис Џејмс. Ако треба да изберам само еден од сите, ќе кажам Рис Џејмс. Тој ви дава се од ова што набројав, – вели Вокер.
Comments