top of page
Search

Возачот на Ферари потпиша за Хас

08.07.2024 juli Ponedelnik

Британскиот возач Оливер Берман потпиша повеќегодишен договор со тимот на Хаас кој се натпреварува во Формула 1.

Берман во Хас ќе го замени Ник Хулкенберг, кој ќе стане возач на Заубер од 2025 година.

„Тешко е да се каже со зборови колку ми значи ова. Тоа што гласно кажувам дека ќе бидам возач во Формула 1 ме прави неизмерно горд“, изјави Берман.

Берман го имаше своето деби во Формула 1 оваа сезона кога го замени Карлос Саинц во Ферари за време на Големата награда на Саудиска Арабија, кој не беше во можност да се натпреварува поради воспаление на слепото црево.

Во Формула 1 следната сезона ќе се натпреваруваат четворица британски возачи – покрај Берман, тука се и Луис Хамилтон, Џорџ Расел и Ландо Норис.


0 views

Opmerkingen


bottom of page