top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Анџелина Џоли: Диверзитетот во тимот на Eternals e она што отсекогаш требаше да биде

22.10.2021 Oktomvri Petok

Анџелина Џоли изјави дека диверзитетот во актерската екипа на „Вечните“ (оригинален наслов The Eternals) е онака како што требало да биде секогаш. 46-годишната актерка, која ја глуми Тена во претстојниот блокбастер на „Марвел“, е една од низата суперхерои меѓу кои има необични ликови, Афроамериканци, и глувата актерка Лорен Ридлоф. Во интервју за „Вараети“, таа рече: „Она што е навистина зачудувачки е тоа што кога излеговме сите заедно, почувствувавме дека сето тоа е многу кул и дека вака требаше да биде секогаш.“ Сагата за вечните – раса на бесмртни суштества кои живееле на Земјата и ги обликувале нејзината историја и цивилизации – треба да се појави на големото платно следниот месец. Го напиша и го режира Клои Жао, режисерката на „Земјата на номадите“ – филмот кој се закити со најмногу Оскари.


3 views

Comments


bottom of page