top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Во Чифте амам: Ретроспективна изложба на Тања Балаќ за 30 години уметничка работа

Updated: Aug 31, 2021

30.08.2021 Avgust Ponedelnik

Ретроспективна изложба на слики, објекти, инсталации, видео арт и експериментални филмови на македонската уметница Тања Балаќ по повод 30 години творештво ќе биде отворена на 31 август, (20 часот), во Национална галерија, објект „Чифте амам“.

На отворањето ќе биде промовирана и монографија со наслов „Tanja Balac – 30 Years – ArtWorks“ со текстови на историчарите на уметност и ликовни критичари, Кирил Пенушлиски и Натали Р. Павлеска.

Во текстот од монографијата посветен на сликарството на Балаќ стои дека и покрај тоа што нејзините слики делуваат како да се направени во еден здив, во едно застанување пред штафелајот, „изразните средства на бојата и ритамот на широки потези на четката“ се резултат на свесен процес што на крајот резултира со пастуозно сликана површина. Ова дополнително ја потврдува импресијата што ја добиваме кога за првпат ќе застанеме пред сликите на Балаќ. Нејзините платна имаат темпераментни потези и желба за создавање сликарски површини во кои големиот, критичниот момент што ја води Балаќ напред кон истражување нови сликарски проблеми е оној исконскиот, стариот порив на традиционалните мајстори на четката: да се слика…

Кон крајот на првата деценија на дваесет и првиот век, Балаќ, покрај сликарството, пастелите и колажот, сè повеќе се интересира и за видеоуметноста. Нејзините дела остварени во тој медиум често се коментар на она што се случува во светот. „Раѓањето на нацијата“ од 2016 година директно може да се поврзе со промените во Македонија и обидите за насилно, визуелно менување на културниот идентитет на градот Скопје, а со тоа и на македонската нација. Видеата „Perceptio Inversa“ и „Stuck Together“ може да се поврзат со големата бегалска криза.


1 view

Comments


bottom of page