top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Во Чифте амам и Мала станица: Дела на 292 македонски уметници за 75 години ДЛУМ

Updated: Dec 1, 2021

29.11.2021 Noemvri Ponedelnik

Друштвото на ликовни уметници на Македонија годинава одбележува голем и значаен јубилеј 75 години од формирањето, а по тој повод на 1. декември во Национална галерија на Р.С. Македонија во два објекти Чифте амам и Мала станица ќе биде отворена голема јубилејна изложба на членови на ДЛУМ од неговото основање до денес.

Во рамките на изложбата ќе биде претставен богат творечки опус, слики, скулптури, графики, цртежи, инсталации, таписерии од 292 автори, почнувајки од основоположниците на ДЛУМ, преку истакнати доајени кој што го трасирале патот и оставиле силен белег во современата ликовна сцена, средна генерација истакнати ликовни автори, па се до новата генерација која што ја претставува иднината на ДЛУМ. Горди сме на нашето членство и со задоволство го славиме овој значаен јубилеј“, велат од ова Друштвото на македонските ликовни уметници.

По повод изложбата е издаден и каталог во кој воведниот текст е на претседателот на Уметнички совет на ДЛУМ Дијана Томиќ – Радевска.

На отварањето на изложбата што ќе се одржи на 1.декември во Чифте амам со почеток во 20 часот ќе се обратат Дита Старова Ќерими – директор на НГМ, Дијана Томиќ Радевска – претседател на Уметнички совет на ДЛУМ и

Ирена Стефоска – министер за култура, а изложбата ќе ја отвори покровителот на јубилејот, претседателот Стево Пендаровски.

Поставката во Мала станица,пак, ќе може да се погледне исто така од 1. декември. Љубителите на уметноста, изложбата ќе може да ја видат во двата објекти Чифте амам и Мала станица до 12.декември 2021 година.

Во согласност со протоколите за заштита од ковид -19, приемот на посетители ќе биде во период од 19:00-19:50 часот, а настанот ќе се спроведе со важечките протоколи за сите јавни настани.


0 views

Comentarios


bottom of page