Во Центарот за култура од Делчево започнува реализацијата на проектот „Да промовираме култура”
Со акција за собирање ракотворби, Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево започна со реализација на проектот ,,Да промовираме култура”.
-Акцијата се состои од собирање ракотворби, како што се фута, тријачка, шамии, волнени чорапи и други рачно изработени ткаенини, се со цел зачувување на македонската традиција. Секој кој има било што од ова и му „зафаќа” место дома, слободно може да го донесе во Центарот за култура за да ги зачуваме материјалните добра, истакна кореографот Кристијан Трајановски.
Секој материјал кој ќе биде дониран, како што додаде, ќе биде изложен на акциската изложба која ќе се одржи крајот на март во просториите на Центарот за култура.
-Со реализација на оваа активност сметам дека ќе ја исполниме нашата мисија, а тоа е зачувување, вреднување, афирмирање и презентирање на нашата култура и традиција, додаде Трајановски.
Commentaires