top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Во Формула 1 се воведува ВАР?

Поранешниот директор на трките во Формула 1, Мајкл Маси, е сменет од таа функција по контроверзните одлуки на крајот од минатата натпреварувачка сезона, пишува „Би-би-си“. Нилс Витих и Едуардо Фреитас наизменично ќе дејствуваат како директори на трките, со помош на Харби Блеш, како постојан постар советник.

Управното тело на Ф1, Светската автомобилска федерација (ФИА), формира нова структура за управување со трките. Воведена е и засилена структура за поддршка, вклучувајќи Ф1-верзија на фудбалскиот систем на видеопомошник-судија (ВАР).

Според информациите, „поддршката“ ќе биде надвор од патеката и ќе користи врска во реално време со директорот на трката, за да ги спроведува правилата користејќи ги „најсовремените технолошки алатки“.

На секоја трка, панелот на стјуардите на Формула 1 ќе има поранешен возач, кој ќе им помага на тројцата други стјуарди. Седумкратниот шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон, кој по два месеца се врати на патеките, посака повеќе непристрасни стјуарди покрај трките, како и тоа да има и повеќе жени.

Новата сезона на Формула 1 ќе почне на 20 март во Бахреин.


2 views

Comments


bottom of page