top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Во трката за титулата останаа Реал М., Челси, ПСЖ и Манчестер сити

16.04.2021 April Petok

ФУДБАЛ – ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ

Во полуфиналето на Лигата на шампионите (ЛШ) во фудбал ќе играат Реал Мадрид – Челси и ПСЖ – Манчестер сити. Реал Мадрид, најтрофејниот клуб со 13 титули, рутински, без голови, одигра во реваншот во Ливерпул и ја задржа предноста од првиот меч кога победи со 3-1. Реал првпат одигра меч без голови во ЛШ, по април 2016-та (со Манчестер сити). Реал Мадрид по 14-ти или вкупно 30-ти пат, (10 повеќе од кој било друг клуб) сметајќи ги и мечевите во поранешниот Куп на шампионите, е меѓу четирите најдобри. Тоа е тим со огромно искуство на теренот, но и надвор од него. Мнозинството од овој состав, Серхио Рамос, Тони Крос, Лука Модриќ, Карим Бензема, предводено од тренерот Зинедин Зидан, освои три титули во низа, од 2016 до 2018 година. Челси од доаѓањето на тренерот Томас Тухел во јануари игра сѐ подобро и загуби само два меча под негово водство. Двата меча со Порто, како и оние со Атлетико во осминафиналето, покажаа дека покрај цврстата одбрана, која тешко прима гол, и „блокот“ на средината од теренот, Челси има адути и во нападот и нема потреба од никого да стравува.

Манчестер сити ја совлада Борусија Дортмунд со идентични 2-1, како и на првиот меч забележувајќи ја 16-та победа во низа на гости што е клупски рекорд. Сезонава во ЛШ на 10-те меча забележа девет победи и едно реми, со вкупна гол-разлика 21-3, со што психолошката бариера е надмината со вториот пласман во полуфинале на ЛШ, по првиот во 2015/2016-та (под водство на Мануел Пелегрини) кога загуби од Реал Мадрид. Противник на Манчестер сити на патот до големото финале во Истанбул, на 29 мај, ќе му биде ланскиот финалист, ПСЖ, со Нејмар, Килијан Мбапе, Анхел ди Марија и дузина други врвни фудбалери, предводени од Маурисио Почетино. Аргентинецот пред две години со Тотенхем играше во финалето со Ливерпул (0-2).

ПОЛУФИНАЛЕ

Реал Мадрид – Челси ПСЖ – Манчестер сити

мечевите ќе се играат на 27/28 април и на 4/5 мај


1 view

Comments


bottom of page