Во трка со времето: Познат крајниот рок до кој Ѓоковиќ мора да пресече за своето учество на Вимблдон
25.06.2024 juni Vtornik
Новак Ѓоковиќ веќе трет ден е во Лондон и се обидува да го зголеми интензитетот на тренинзи, се со јасна цел да го тестира своето колено во прсрет на третиот грен слем во годината.
Србинот направи операција на коленото пред три недели и никој не му даде шанси за настап на Вимблдон, но желбата кај Ноле е навистина голема и има желба да си даде мала шанса.
Ѓоковиќ вчера самиот откри дека ќе настапи на Вимблдон само ако се чувствува подготвено да се бори за титулата, а веќе денеска стана познато уште колку дена му простануваат за конечната одлука.
Седумкратниот шампион во Ол Ингланд клубот ќе мора да пресече до петок во 11 часот по средноервопско време, па тоа најавува дека следните два дена ќе бидат клучни и ќе го дадат одговорот кој многумина го очекуваат.
Како што јавуваат српските медиуми, Новак се уште не форсира и не тренира на 100 посто, но планот е денеска и во наредните два дена да направи такво нешто и да одлучи дали ќе настапи на турнирот на кој лани загуби во големото финале од Карлос Алкарас.
Comments