top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Во Тирана ќе се одржи вториот фолклорен фестивал на Македонците во Албанија

Во организација на македонското друштво „Илинден“, со поддршка на Министерството за култура на Албанија, на 17 април, во Тирана ќе се одржи вториот „Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Албанија“.

– ОВАА МАНИФЕСТАЦИЈА Е ОД ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ ЗА НАС МАКЕДОНЦИТЕ ВО НЕГУВАЊЕТО НА ТРАДИЦИИТЕ И ФОЛКЛОРОТ, КОЈА ФИНАНСИСКИ ЈА ПОДДРЖУВА АЛБАНСКОТО МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА. ОЧЕКУВАМЕ ГОЛЕМА ПОСЕТЕНОСТ КАКО ОД МАКЕДОНЦИТЕ КОИ ЖИВЕАТ ВО ТИРАНА, ТАКА И ОД ДРУГИ ДЕЛОВИ НА АЛБАНИЈА, ИЗЈАВИ ЗА МИА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МД „ИЛИНДЕН”, НИКОЛА ЃУРЃАЈ.

Според него, на оваа значајна манифестација за Македонците, ќе учествуваат фолклорни групи од областите Гора, Голо Брдо и Мала Преспа, сите со македонски песни и ора од споменатите области.

Гости на вечерта се очекува да бидат членовите на театарот „Скрб и утеха” од Скопје.

Фестивалот ќе се одржи на 17. овој месец со почеток во 16:00 часот, во амфитеатар Тирана (голем парк кај вештачкото езеро во Тирана), а влезот е слободен.

Првиот фестивал беше одржан на 9 јуни 2019 година, но поради пандемијата и анти-ковид мерките во изминатите две години оваа манифестација не беше одржана.


1 view

コメント


bottom of page