top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Во спомен на Тоше посадени јапонски цреши во Благоевград

Во паркот „Македонија“ во Благоевград, Бугарија, беа посадени стотина дрвја од видот јапонска цреша, а пет му беа посветени на македонскиот пејач и хуманитарец Тоше Проески. Иницијативата за оформување на паркот со цреши во Благоевград ја поттикна Вики Андонова од здружението „Кауза Благоевград“, со поддршка од Американскиот универзитет во земјата и на Општината на гардот, на чело со градоначалникот Илко Стојанов.

И покрај студеното време, студентите, граѓаните и голем број доброволци засадија 100 црешови дрвја на претходно подготвен терен. Стеблата се високи околу два метри, а еден дел од нив се купени од разни хуманитарни организации, за кои парите биле собрани на разни базари и со други активности што се случиле лани. Меѓу оние организации што собраа доброволен прилог за да купат црешови дрвја беше и клубот на обожаватели на Тоше Проески во Благоевград.

Цреши во чест на Тоше Проески посади македонскиот глумец и музичар од Виница, Игор Дамјанов, кој веќе неколку години живее во Бугарија. Тој купи пет дрвја со сума од 1.225 лева, собрани лани на вечерта посветена на Тоше Проески, која ја организираа неговите обожаватели во Бугарија. Во садењето му се приклучи Оксана Рујаноска од Благоевград, која посади дрво заедно со својот сопруг Пеце Рујаноски, кој е од родниот град на Тоше, Крушево.

– Ова ни беше сон уште одамна, во Благоевград да има парк со црешови дрвја, што за нас, обожавателите на Тоше, ќе биде тајно место, според песната на Тоше – „Сикрет плејс“. И ете, не ни претпоставувавме дека тоа ќе биде токму во паркот што го носи името „Македонија“ – ни рече Оксана Рујаноска.

М.Т.


1 view

Comments


bottom of page