top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Во Спомен-куќата на Гоце Делчев во Битола се работи на ентериерот

Во оваа куќа, Гоце Делчев во 1901 година престојувал во домот на тогашниот началник на Реонскиот комитет на ВМРО во Битолско, Михаил Ракиџиев. Во Битола останал два месеца, а за тоа време, во битолскиот затвор го посетил и војводата Даме Груев и остварил средби и со други истакнати припадници на револуционерната организација. На заминување, во знак на благодарност, му подарил пиштол на Ракиџиев, што како реликвија се пренесувал од генерација на генерација и на крај завршил како вреден експонат во Спомен-куќата

Годинава, за реконструкција на спомен куќата на Гоце Делчев во Битола се издвоени 400 000 денари, а во моментов се преземаат градежни работи на ентериерот на објектот. Од Министерството за култура посочуваат дека во изминативе четири години објектот интензивно се обновува, осовременува и се работи на негова комплетна реконструкција.

Во оваа куќа, Гоце Делчев во 1901 година престојувал во домот на тогашниот началник на Реонскиот комитет на ВМРО во Битолско, Михаил Ракиџиев. Во Битола останал два месеца, а за тоа време, во битолскиот затвор го посетил и војводата Даме Груев и остварил средби и со други истакнати припадници на револуционерната организација. На заминување, во знак на благодарност, му подарил пиштол на Ракиџиев, што како реликвија се пренесувал од генерација на генерација и на крај, завршил како вреден експонат во Спомен куќата.

„Конзерваторско-реставраторските зафати започнаа во 2016 година кога беше изработена проектна документација за осовременување на куќата. Во 2018 година од Министерството за култура беа доделени 250.000 денари за реализација на предвидените активности, со што беше целосно заменета електричната инсталација и беа преземени некои помали зафати во ентериерот, што повторно беше во согласност со висината на доделените средства. Подоцна во 2019 година, од Министерството повторно беа обезбедени 350.000 денари, во 2020 година 400.000 денари, во 2021 година 310.000 денари и годинава се предвидени 400.000 денари“, посочуваат од Министерството за култура. Со овие средства досега е заменета и покривната конструкција, дограмата, реставрирана е фасадата, а сега се преземаат градежни работи на ентериерот на објектот.

„Навистина ми е драго што секоја година се издвојуваат средства за Спомен куќата на Гоце Делчев во Битола, а со тоа се врши континуирана реставрација и очекувам да куќата повторно да биде отворена за секој посетител. Токму неговата мисла, ‘Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите’ треба да биде врежана во сите нас затоа што македонското културно наследство треба да го негуваме секојдневно“, истакна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Куќата содржеше две изложбени простории со вкупна површина од 37 квадратни метри. Едната имаше документи и фотографии за дејствувањето на војводата, а во другата, каде Делчев ги одржувал состаноците, беше задржан ентериерот во оригинална состојба. Таму беше и гобленот извезен од разнобојни монисти, кој за спомен му бил даден на Ракиџиев од политичките затвореници во Централниот битолски затвор.






3 views

Comments


bottom of page