Во Скопје утре ќе биде отворена изложбата со карикатури „Заедничка историја-заедничка глупост“
- Aleksandar Santovski
- May 23, 2022
- 1 min read
Во понеделник во 20 часот во фоајето на Младинскиот културен центар во Скопје ќе биде отворена изложбата „Заедничка историја-заедничка глупост“, во организација на Клубот за бугарско-македонско пријателство.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, изложбата е посветена на односите меѓу Бугарија и Северна Македонија. Организаторите сметаат дека исмејувајќи се над нашите стравувања преку карикатурите на авторите од двете земји, полесно ќе ги надминеме истите.
Од македонска страна учесници во изложбата се карикатуристите Мирослав Георгиевски-Миро, Златко Крстев и уште тројца карикатуристи.
Учесници од бугарска страна се карикатуристите Чавдар Николов, Христо Комарницки и Ала и Чавдар Георгиеви. Тие работат во хумористичното издание „Прас прес“, кое е многу популарно во Бугарија.

コメント