top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Во селото Преод има археолошки докази за милениумското присуство


08.02.2024 Februari cetvrtok

Знаменитостите на Македонија

Делото Преод се наоѓа во областа Овче Поле, на североисточните падини на Градиштанска Планина, на надморска височина од 550 метри. Историските извори посочуваат дека Преод е релативно младо село, од крајот на 18 век, кога било основано од Македонци од селото Слатина. Според усните кажувања, селото било основано во шумата и атарот што им припаѓале на постарите села Сопот и Крушица, а им биле отстапени на новодоселените. Иако историските документи потврдуваат дека Преод е младо село, од археолошки аспект селото е особено интересно поради неколкуте археолошки наоѓалишта во неговата близина, кои се потврда за милениумското присуство во овој крај. Тука треба да се споменат локалитетите Авлии (населба од римско време), Големи Камења (некропола од доцноантичкиот период), Горни Лозја-Пударица (населба од доцноантичко време), Орашки Камен (населба и некропола од доцноантичкиот период), Преод (осамени наоди од римско време), Соколовец-Лисичји Дол (населба и некропола од доцноантичко време), Ќерамиди (населба од доцноантичкиот период) и Црвеници (средновековна населба).Денешното село е ридско и од градот Свети Николе е оддалечено 11 километри. Селото е сместено во еден засек, над кој во минатото се наоѓала шума, а денес е рамнина. Оттука извираат повеќе извори на пивка вода, а главниот извор е именуван како Орашка Вода. Треба да се споменат изворите што се соѕидани во чешми познати како Карпа Чешма и Горна Чешма. Селото е поделено на неколку месности, а тие се именувани како: Каменито Брдо, Средни Рид, Осој, Дабев Камен, Широки Дол, Белези, Скопско Џаде, Митев Рид, Бела Чука, Врањак, Лезички Дол, Садеви, Рамни Рид, Кузева Страна, Орманче, Орлујево, Брегој, Гумниште, Бубаќи, Галабова Дупка, Голем Рид и Орашки Камен. Исто така е поделено на четири маала: Горно, Долно, Мусеско и Гргуровско. Во месноста Белези под Преод, на атарската граница со Сопот, се наоѓаат белези во камен. За овие белези, според селската традиција, станува збор за траги од скокот на Крале Марко.

Според информациите на Васил К’нчов, кои се објавени во „Македонија. Етнографија и статистика“ од 1900 година, во Преод живееле 360 луѓе, а според податоците на Димитар Мишев во 1905 година живееле 320 луѓе. Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1957 година, родови во селото Преод биле: основачи Чапровци (7 к.), Калинци (11 к.), Мушевци (14 к.) и Тангурци или Дулевци (4 к.), потекнуваат од предци што живееле во Слатина. Во родот Чапровци се знае следното родословие: Давчо (жив на 75 г. во 1957-1958 година), Спасо-Бошко-Коле, од Слатина се доселил неговиот татко. Во родот Калинци се знае следното родословие: Ѓеле (жив на 79 г. во 1957-1958 година), Смиле-Ѓоргија-Петко-баба Калина, која се доселила во селото; постари доселеници: Ѓургуровци (11 к.), доселени се од некое скопско село Бучук (?); Кркашовци (11 к.), доселени се од некое село во Прилепско; Џамбазовци (2 к.), доселени се однекаде; и понови доселеници: Ванко (1 к.), Санде (1 к.), Санде (1 к.), Стојче (1 к.) и Стојан (1 к.), доселени се од околината на Крива Паланка. Стојче од селото Градец, а Стојан од Страцин, тие се познати под името Шопи; Благоја (1 к.), доселен од селото Габреш.Свети Димитриј е главна селска црква во селото Преод, а се верува дека е изградена во втората половина на 19 век, а на рамката од нишата над влезната врата е испишана 1871 година. Се верува дека иконите и фрескоживописот биле изработени во 1871 година од страна на Коста Зограф и непознати мајстори, најверојатно од кратовска тајфа. Црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната стана. На западната страна има припрата што води до главната влезна врата. Над главниот влез има празна ниша на чија рамка веројатно е запишана годината на изградба на црквата. Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се сместени помошен објект и селските гробишта. Д.Ст.


5 views

コメント


bottom of page