top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Во Прилеп отворена изложбата „Бојата на небото и водите во Тиквешијата“ на Владимир Темков

Updated: Jun 19, 2021

19.06.2021 Juni Sabota

Во ликовната галерија на прилепскиот центар за култура „Марко Цепенков“ од денеска до први јули, е отворена изложбата на дела од Владимир Темков. Пред прилепчани, уметникот Темков се претставува со 22 дела од циклусот

Според академик Блажо Боев, во сликите на Темков се отсликуваат житата, растенијата, онака како ги доживува, вознесено, чудни разубавени, со голема важност. Тиквешијата е инспирација, таа е израз на убавината за Темков.

-ТЕМКОВ ЗБОРУВА ЗА УБАВИНАТА НА ПРИРОДАТА НА ТИКВЕШИЈАТА. ВО НЕГОВИТЕ ПЛАТНА И ГРАФИКИ ГИ ИЗРАЗУВА ИСКУСТВАТА ОД ДЕТСТВОТО, ОД МЛАДОСТА, РАСТЕЊЕТО СЀ ДО ДЕНЕС. ВО СЛИКИТЕ СЕ ОТСЛИКУВААТ ЖИТАТА, РАСТЕНИЈАТА, ОНАКА КАКО ГИ ДОЖИВУВА, ВОЗНЕСЕНО, ЧУДНИ РАЗУБАВЕНИ, СО ГОЛЕМА ВАЖНОСТ. ТИКВЕШИЈАТА Е ИНСПИРАЦИЈА, ТАА Е ИЗРАЗ НА УБАВИНА ЗА ТЕМКОВ. ПТИЦИТЕ СЕ ПОСЕБНА ТЕМА ВО УМЕТНОСТА НА ТЕМКОВ. ОВОЈ ЧОВЕК, КОЈ ЗА СЕБЕ ВЕЛИ ДЕКА Е ДЕТЕ НА СВОЈОТ КРАЈ, НЀ ПОТСЕТУВА, ПРЕКУ НЕГОВИТЕ ДЕЛА, ДА НЕ ГИ БАРАМЕ ЧУДАТА И УБАВИНИТЕ И УКАРАСИТЕ НА ОВОЈ СВЕТ НАДВОР ОД НАС, ТУКУ ТИЕ СЕ ДО НАС И ВО НАС. ЗАТОА ШТО, НИЕ СМЕ СУШТЕСТВА НА УБАВИНАТА, УМЕТНОСТА Е УКРАС НА СВЕТОТ, ВЕЛИ АКАДЕМИК БОЕВ.

Владимир Темков е роден во Кавадарци. Средно уметничко училиште, Педагошка академија и Факултет за ликовни уметности завршува во Скопје, каде и магистрира. Има бројни самостојни изложби во земјава и во странство, а бил дел и од голем број групни претставувања.


1 view

Comments


bottom of page