Search
Во Прилеп отворена изложба на дела од Мал битолски Монмартр
Во Ликовната галерија од прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“ е отворена изложбата на дела од „Мал битолски Монмартр“. Изложени се 25 дела од оваа значајна македонска ликовна манифестација која постои веќе 40 години.
Изложбата, поддржана од Министерството за култура, е во чест на основачот Коста Хаџи Антоновски, кој веќе не е со манифестацијата на која и го посвети целиот свој живот.
Изложбата ќе биде отворена две недели и љубителите на ликовната уметност ќе уживаат во делата создавани четири децении од ликовните амбасадори од целиот свет во Старата битолска чаршија.
Comments