top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Во Прилеп започнува јубилејниот фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“

05.07.2024 juli Petok

Вечерва од 19 часот на камената бина во Прилеп започнува 50. јубилеен фестивална народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Пред почетокот на фестивалот кој го чува народното фолклорно творештво низ годините, ќе дефилираат 50 гајдаџии од сите краишта на Македонија. Во чест на јубилејот, вечерва (петок) ќе настапи и националната институција „Танец“.

Во рамките на фестивалот денеска се одржи и симпозиумот „Фолклорот воминатото и денес“ , а беа промовирани Зборникот со научни трудови од истражувањата на еминентни етномузиколози, етнокореолози за богатото фолклорно наследство и Монографијата за 50 години фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ – „Непресушен извор, за навек“ од новинарот Елизабета Митреска.

Деновиве се одржа и семинарот за изучување на народните инструменти и песни, накој 12 млади, вљубеници во изворниот мелос, изучуваа да свират на народни инструмени и да пеат изворни песни.

– Фестивалот, од некогашните смотри, прерасна во национална манифестација којапет децении успешно го зачувува, го негува и го пренесува на новите генерации богатото фолклорно наследство. Фестивалот го носи името на идејниот творец, големиот гајдаџија и светски промотор на фолклорното наследство, Пеце Атанасовски. Во пет децении на фестивалот учествувале преку 15 000 изведувачи на народни инструменти и песни од Македонија и од странство – вели Горан Василески, претседател на Фестивалот.

Утре на Рудина во Долнени е втората фестиваслка вечер, а годинава на тапан, гајда,кемане и др. инструменти ќе учествуваат околу 250 изведувачи.


2 views

Comments


bottom of page