top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Во пресрет на својот 40. роденден, Бијонсе открива некои од најважните животни лекции

24.08.2021 Avgust Vtornik

Бијонсе Ноулс пред неколку децении рече дека не ѝ се верува колку луѓе воопшто го знаат нејзиното име. Денес, таа слатка, срамежлива девојка која оди во црква стана најголемата и најжешка изведувачка во светот – толку позната и веднаш препознатлива, што не ѝ треба презиме. Како соло уметник, таа објави шест албуми на врвот на топ-листите на кои заработи вртоглави милиони долари. Има неверојатни 28 награди „Греми“, а нејзините воодушевувачки настапи беа материјал и за филмот Homecoming („Враќање дома“). На Инстаграм има над двесте милиони лица кои ја следат – речиси трипати повеќе од населението во Велика Британија. Не ја сакааат само обичните смртници – туку и многу нејзини колешки, вклучувајќи ги Адел, Литл Микс, Аријана Гранде…сите ја наведуваат Бијонсе како нивна инспирација. Откако започна на само 16 години, таа стана многу повеќе од пејачка. Актерка, деловен могул, модна икона и активистка, Бијонсе ја предводеше културната револуција, станувајќи глас на феминизмот и расната еднаквост. Сега, додека се подготвува да наполни 40 години, со деловна империја вредна неколку милиони долари, таа блеска посилно од кога било. Бојонсе отсекогаш сакала деца, но решила да чека затоа што, како што самата изјави: „Сакав прво да го најдам совршениот маж, а тоа е тешко.“ Нејзината желба се оствари кога во 2008 година заплови во брак со раперот Џеј Зи, со кого доби ќерка Блу Ајви, а потоа и близнаците Руми и Сер. „ Сè е до контролата“, рече пејачката пред да наполни 30 години. „Кога бев помлада, мислев дека ќе завршам со кариерата и ќе се пензионирам на 30 години. Мислев дека 30. година е многу сериозна година. Сега гледам дека е поинаку.“ „Никогаш не замислував дека ќе постигнам толку успех. Мислев дека би било одлично можеби да издадам плоча или луѓето да ја сакаат мојата музика. Никогаш не сум замислувала награди, филмови …сè уште не можам да поверувам. Искрено сум благодарна за сето ова и не го земам здраво за готово. Но, мојот став е дека секогаш има простор за раст. Затоа продолжувам да растам “. Бијонсе открива дека научила многу животни лекции, а една од најважните е дека „не можеш да им угодиш на сите“. Таа самата признава дека се обидела да биде таква, но тоа не ја направи среќна. Нејзин најдобар совет за жените е: „Ова е многу важно и ми требаше време да сфатам колку е важно. Научете ја моќта на зборот ‘не’. Многу жени го поминуваат животот обидувајќи се да им угодат на сите. Тоа е она што отсекогаш сум го правела, но сепак, не ме правеше среќна. Кога ќе научите да кажувате ‘не’, ќе научите да станете и да ја преземате контролата врз сопствениот живот.“ Во интервју за „Харперс базар“ во пресрет на нејзиниот голем ден, таа рече:„Мојата желба е четириесеттите да ми бидат забавни и полни со слобода. Сакам да ја чувствувам истата слобода што ја чувствувам на сцената секој ден од мојот живот.“




1 view

Comentários


bottom of page