top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Во подготовка е серијата „Убавицата и ѕверот“

02.07.2021 Juli Petok

Поминаа три децении од премиерата на филмот „Убавицата и ѕверот“, а без оглед на времето, тој не ја губи својата актуелност. Компанијата „Дизни плус“ се погрижи за изненадувањето, па наскоро ќе гледаме серијал во форма на мјузикл на истата тема. За потсетување, по анимираната верзија на оваа приказна од 1991 година, беше снимен и филм со Ема Вотсон во главната улога. Во филмот глумеа и Лук Еванс и Џош Гад, кои исто така ќе се појават во серијата. Во серијата ќе глуми и Брајан.

Нè очекува серијал од осум епизоди, зад кој стојат Едвард Кицис и Адам Хоровиц. Акцентот ќе биде ставен на ликовите на Гастон и Лефо, кои ќе започнат авантура придружувана од Тили, по изненадувањата од минатото. Гери Маршал, во име на „Дизни“, откри дека новата серија ќе разјасни што ги обедини овие херои, како волшебничката го претвори принцот во ѕвер и многу повеќе. Снимањето е планирано за следната пролет, па ќе мора да почекаме до нејзиното прикажување.


2 views

Comments


bottom of page