top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Во подготовка биографскиот филм за Ејми Вајнхаус

На повидок е долгометражен филм за починатата британска пејачка Ејми Вајнхаус, а режисерката на „Педесет нијанси сиво“, Сем Тејлор-Џонсон, е на чело на тимот, објави „Студиоканал“, компанија за продукција и дистрибуција. Со наслов Back to Black („Враќање во црно“), филмот ќе ги разгледа животот и музиката на шесткратната добитничка на „Греми“, која почина од труење со алкохол во својот дом во северен Лондон на 23 јули 2011 година на 27-годишна возраст. Вајнхаус се бореше со проблеми со алкохолот и дрогата во текот на својата кариера. Филмот ќе го следи нејзиниот живот како талентирана џез-пејачка во северен Лондон до нејзиното издигнување како глобална суперѕвезда со вториот албум Back to Black (2006). „Студиоканал“ се подготвува да го направи Back to Black. Проектот напредува. Тејлор-Џонсон, кој ќе го режира долгометражниот филм за животот и музиката на Ејми Вајнхаус“, соопшти продукциската компанија додавајќи дека е напишано сценарио за филмот.


1 view

Comments


bottom of page