Search
Во пештера во Мексико пронајден е целосно зачуван брод од времето на цивилизацијата на Маите
- Aleksandar Santovski
- Nov 9, 2021
- 1 min read
Брод од времето на цивилизацијата на Маите е откриен во пештера во југоисточно Мексико и тоа е првиот целосен чамец пронајден, објави тамошниот Институт за антропологија и историја.
Пронајдениот брод, стар околу 1.000 години, е зачуван благодарение на локацијата.
Работниците кои истражувале земја за да изградат нови патишта во Јукатан, регион на цивилизацијата на Маите, откриле скриена пештера на дното на бездната во која има вода.
Пештерата се наоѓа под површината на водата и во неа е пронајден дрвен чамец долг 1,60 метри и широк 80 сантиметри.
Со дополнително тестирање треба да се утврди точната старост на чамецот и потеклото на дрвото од кое е направен.

Comments