top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Во Париз претставени надреалистички постери

ВО ПРЕСРЕТ НА ЛОИ 2024

07.03.2024 Mart Cetvrtok

Со знак на надреализмот и опседнатост со детали, официјалните плакати за Олимписките и Параолимписките игри во Париз 2024 година, откриени во понеделникот, ги истакнуваат историските споменици и спортски објекти во главниот град.Соодветните постери за Олимписките и Параолимписките игри, дизајнирани од парискиот уметник Уго Гатони, се дополнуваат еден со друг за да формираат двоен постер. Тие ги илустрираат главните историски споменици во Париз, како што се Ајфеловата кула, Триумфалната капија и Големата палата, пишува „Ројтерс“.Тие исто така ги прикажуваат спортските места и објекти што треба да се користат за време на Олимписките и Параолимписките игри: „Стад де Франс“, реката Сена и мостот „Александар Трети“, но исто така и морето, во врска со Марсеј и местото за сурфање.Официјалните постери се инспирирани од надреалистичкото уметничко движење, со ниво на прецизност и детали без преседан во историјата на Олимписките и Параолимписките игри. Преку овој уметнички избор, Париз 2024 му оддава почит на „Надреалистичкиот манифест“ напишан од Андре Бретон и објавен во 1924 година, годината на последните Олимписки игри што се одржале во француската престолнина.Осум официјални маскоти на Париз 2024 се скриени во овие постери во тенко прекриена референца на серијата книги за детски сложувалки „Каде е Воли?“.– Тоа претставува околу 2.000 часа работа- им рече Гатони на новинарите. Г.И.


1 view

Comments


bottom of page