top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Во НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп: Музички вибрации со „Македонски квартет труби”

Во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, на 28 јули од 19 часот, ќе се одржи концерт „Музички вибрации“ на „Македонски квартет труби“.

Квартетот е составен од четворица дипломирани трубачи на Факултетот за музичка уметност во Скопје, од кои двајца се и магистри по труба, Бојан Митрески од Прилеп, Стојанче Косовски, Гоце Цоневски и Васко Рошков.

Концертот „Музички вибрации“ е поддржан од Министерството за култура како проект од национален интерес во културата од областа на музичко-сценска дејност за 2021 година. На концертот ќе бидат изведени композиции од повеќе светски автори, како и две народни песни.


1 view

Comments


bottom of page