Во новата сезона со нови болиди и со рекорден број трки
ФОРМУЛА 1
Откако сезоната 2021 заврши со спектакл, Формула 1 веќе е во подготовка на новата сезона, а официјалната интернет-страница на тој спорт извојува неколку работи за 2022 година. Сезонава почнува нова ера на Формула 1 со целосно нов дизајн на автомобилите, кои се резултат на сеопфатните нови регулативи насочени кон подобрување на тркачкиот спектакл. Голем број карактеристики, вклучувајќи фокус на ефектот на подлогата, гуми од 18 инчи (45,72 см), плус редизајнирани предни крила и нос, значат дека болидите треба да можат да се тркаат поблиску еден до друг, со потенцијал за повеќе престигнувања на патеката. Автомобилите се, исто така, побезбедни, користат поголем сооднос на одржливо гориво и треба да изгледаат драматично различно од претходните години, пишува Ф1. По неверојатната сезона 2021, го чекаме вториот круг помеѓу главните протагонисти, Макс Ферстапен и Луис Хамилтон. Хамилтон се стреми кон рекордна осма шампионска титула, а Ферстапен има цел да ја одбрани својата титула и да ја освои втората. Помина извесно време откако немаше некој друг освен Хамилтон да брани титула (во 2014 година тоа беше Себастијан Фетел), а годинава Ферстапен ќе го користи бројот 1 на својот болид, првпат откако Фетел го стори тоа во 2014 година. Новата ера на Ф1-болиди може да значи поблиски трки и повеќе тимови што се надеваат дека ќе ја растурат забавата годинава, пишува Ф1. Трката за титулата ќе се одвива низ 23 трки, што е најдолга Ф1-сезона досега, а ќе има дебитантска трка во Мајами, во мај. Сезоната е закажана да почне на 20 март и да заврши на 20 ноември. Првенствата во Ф2 и Ф3, пак, ќе се одвиваат во истите викенди како Ф1 и ќе се вратат од три трки во викенд на две. Сега Ф2 ѝ се придружува на Ф1 на 14 настани во 2022 година, почнувајќи на отворањето на сезоната во Бахреин, а Ф3 ќе се натпреварува заедно со Ф2 и Ф1 во девет рунди.
Comments