top of page

Во недела од Охрид почнува музичкиот караван по повод 35 години од независноста на Македонија

05.08.2026 Avgust Sreda

Во недела, 9 август, од Охрид започнува музичкиот караван по повод 35 години од независноста на Македонија!, објави „Авалон“ кој заеднички соработува со Владата на С Македонија. 

Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подеми, предизвици и достигнувања од изминатите три и пол децении!

Во пресрет на 8 Септември, кој оваа година во себе носи јубилеј на 35 години независност, ќе се организира музички караван со настапи на познати македонски изведувачи и актери во 11 градови, а како кулминација ќе биде последниот перформанс на 4 септември на Плоштадот „Македонија“ во Скопје, на кој ќе настапат повеќе од 120 уметници.

Во наредниот период караванот ќе посети 11 градови низ државата, носејќи ја празничната атмосфера поблиску до сите граѓани. Останатите градови ќе бидат дополнително објавени.


 
 
 

Comments


bottom of page