top of page

Во националната опера нова концертна изведба на операта „Кармен“

08.03.2021 mart ponedelnik

Националната опера и балет ја најавува концертната изведба на ремек-делото на Жорж Бизе, операта „Кармен“, една од најпознатите опери во историјата. Во главните улоги настапуваат солистите Зоран Сотиров, Ристе Велков, Злата Тошевска, Катерина Стојановска, Марика Поповиќ, Драган Ампов, Дејан Стоев и Ернест Ибраимовски, а во улогата на Кармен, премиерно ќе настапи Николина Јаневска. Диригент е Бисера Чадловска. Настапуваат хорот и оркестарот на Националната опера и балет. Настанот според најавата од НОБ е закажан в петок, 12 март, со почеток во 19 часот. Од таму информираат дека настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19, одобрени од Комисијата за заразни болести. При тоа задолжително е носење заштитна маска. Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот, потсетуваат од НОБ.


 
 
 

Comments


bottom of page