Во Националната опера и Балет втора изведба на балетската претстава „Ана Каренина“ од Петар Илич Чај
Во Националната опера и Балет втора изведба на балетската претстава „Ана Каренина“ од Петар Илич Чајковски Националната опера и Балет најавува втора изведба на ремек-делото „Ана Каренина“, балетска претстава во два чина со избрана музика од рускиот великан Петар Илич Чајковски, на 26 јуни 2023, со почеток во 20 часот. Преку современите кореографски решенија соединети со класичен балет на Лео Муиќ од Хрватска, минималистичката, но ефектна сценографија, прекрасните костими на Александар Ношпал, ќе видиме едно интересно визуелно, динамично и полно со страст балетско видување на познатиот роман „Ана Каренина“ на големиот руски писател Толстој. Во повеќе од два часа балетските уметници од Националната опера и Балет со впечатливиот, емотивен до исцрпување танц и со инспиративните движења ќе ги пренесат сите емоции што го означуваат ова дело: љубов, страст, омраза, лутина, гнев, љубомора, тага, мајчинска болка… Во главните улоги ќе настапат: Марија Кичевска-Шокаровска, Бобан Ковачевски, Гилерме Алвес (Португалија). Настапуваат истакнати солисти, солисти и целиот балетски ансамбл на Националната опера и Балет.
コメント