top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Во МНТ се подготвува претставата „Иванов“ по текст на Чехов, во режија на Зоја Бузалковска

Во Македонскиот народен театар започнаа пробите за новата претстава „Иванов“, по текст на А. П. Чехов, а во адаптација и режија на Зоја Бузалковска. Преводот од руски јазик го направи Драгица Најческа.

Во претставата ќе играат: Благој Веселинов, Драгана Костадиновска, Оливер Митковски, Ѓорѓи Јолевски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Григор Јовановски, Нина Деан, Александар Ѓорѓиески, Александар Михајловски, Николина Кујача, Ивица Димитријевиќ и Мартин Ѓоргоски. Сценографијата е на Зоја Бузалковска, Илина Ангеловска и Тодор Дајевски, костимограф е Роза Трајческа-Ристовска, музиката е на Давид Ангелевски. Спортските качувања и движења се на Александар Зарапчиев, а физичките вежби и движења се на Нина Деан.

Како што најавија од МНТ, премиерата се очекува во текот на мај. На сцената на Македонскиот театар од авторот А. П. Чехов досега се поставени драмите: „Галеб“ (1960, 1990 и 2018), „Три сестри“ (1970), „Иванов“ (1984), „Вишновата градина“ (1997 и 2010), „Малиот човек“ (2004), „Вујко Вања“ (2015). Ова е четврта претстава која Бузалковска ја поставува во МНТ – по „Песочна сложувалка“ (1999), „Вујко Вања“ (2015) и „Квартет“ (2016).


2 views

Comments


bottom of page