top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Во МКЦ: Промоција на збирката раскази „Хранител(к)и“ од Лилјана Пандева

Во Младинскиот културен центар во Скопје, вечерва (15 јуни) во 20 часот, ќе биде промовирана најновата збирка раскази „Хранител(к)и“ од Лилјана Пандева.

Книгата „Хранител(к)и“ содржи 18 раскази.

“Преку дијалози и внатрешни монолози на главните актери, раскажувачкото перо на Пандева ни доловува свет во којшто се судираат реалните можности и посакуваните исходи. Авторката ни изнесува повеќе вистини, меѓу кои дека кога се хранат „стомачињата“ се хранат и „душичките“ и дека „кујната, односно приготвувањето било и наука“ (во „Ден за готвење“); дека е потребно внимание за што било да се подготви или да израсне и да биде убаво („Двоколка“, „Печуркарката“); дека јадењето не се фрла („Кетеринг“); дека храната и љубовта одат заедно („Порција љубов“, „Носот на Тина“); дека храната и литературата можат да се споредуваат дури и со книжевните движења и периоди: „Само Кире оттогаш ги карактеризираше моите кулинарски достигнувања како барокни, романтични, класични, модернистички и постмодернистички“, но и дека „тајната на вкусното јадење не е во времето што го трошиш за да го приготвиш“, како и дека „мали незабележливи продукти во кујната ја прават кујната („Готвење“)…“, посочува рецензентот Славчо Ковилоски.

Лилјана Пандева е доктор по филолошки науки. Автор е на: „Новогодишни едночинки“, драмолети за деца во стих, „Љубов од А до Ш и обратно“, поетска збирка, „Капетаните“, поема, „Возовите на Луцерн“, роман (преведен на германски јазик), „Канцелариски колумни“, збирка раскази, „Класифицирано“, збирка раскази, „Заорани“, збирка раскази, „Луѓенца“, збирка раскази, „Од агендата на Калина Калин“, роман (преведен на германски јазик), две изданија, „Дневници на една љубов“, роман, „Доилката“, роман, (преведен на руски, на српски, а во печат е преводот на хрватски јазик), три изданија, „Два Божика“, роман, три изданија. Пандева е добитник на наградата „Стале Попов“ на ДПМ за романот „Доилката“, на наградата „Григор Прличев“ за поемата „Капетаните“, на неколку награди за краток расказ на „Нова Македонија“, како и на Холокаустот на Евреите во Скопје. Исто така, добитник е и на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје. Лилјана Пандева е член на Претседателството на ДПМ, на Здружението на лектори по македонски јазик, на редакциите на ревијата за литература, култура и уметност „Стожер“, на списанието за литература и култура „Книжевни елементи“ и на списанието за деца „Супер Смешка“. Лилјана Пандева е и автор и на голем број научни трудови од областа на јазикот, македонистиката и книжевната критика.

Книгата е поддржана од Министерството за култура.


1 view

留言


bottom of page