top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Во македонскиот КИЦ во Загреб изложби посветени на 90 години од раѓањето на Љубомир Бранѓолица

Во македонскиот Културно-информативниот центар во Загреб се поместени изложби на уметници од нашата држава.

Станува збор за изложбата на акварели на Марија Светиева и Виктор Бранѓолица и изложбата „Каламота подалеку од светлината” на Влахо Бранѓолица по повод 90 години од раѓањето на истакнатиот композитор Љубомир Бранѓолица.

Изложбите се во организација на Домот на културата „Кочо Рацин“ од Скопје, со поддршка на македонскиот КИЦ од Загреб и Министерството за култура.

Виолета Калиќ, куратор на овие изложби и стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура во Домот на култура „Кочо Рацин“ Скопје, за време на отворањето ја истакна релацијата меѓу сите изложби кои претставуваат врска на разнородните стилски и изразни сензибилитети, стремежот за запазување на духовноста и светлината на духот во стремежот за запазување на етичките и хумани вредности.

Отворањето на изложбите беше одбележано со настап на најмладите ученици од повеќе основни училишта од Загреб, кои изучуваат македонски јазик и кои говореа стихови од стихозбирката „Бели мугри“ на македонски поет Кочо Рацин.


1 view

Comments


bottom of page