Во Ливерпул оптимисти и покрај лошата серија резултати: Знаеме дека можеме…
Ливерпул врза два негативни резултати во серија по ремито со Тотенхем и поразот од Лестер, па сега е осум бода зад лидерот Манчестер Сити. И покрај значајната бодовна негатива, во таборот на Ливерпул не се откажуваат од шампионската титула, а Диого Жота посочи дека во клубот се свесни дека имаат капацитет да ја намалат разликата. Токму португалскиот фудбалер ќе треба да понесе голем товар на себе затоа што во следниот период Ливерпул ќе остане без Мо Салах и Садио Мане кои ќе настапуваат на Африканскиот Куп на нациите. – Свесни сме за разликата, но знаеме дека сме способни да ја стигнеме истата и тоа е планот до крајот на сезоната. За да се случи тоа, треба да го избегнеме тоа што ни се случи против Лестер зата што ќе биде тешко доколку продолжиме да играме така. – Знаеме дека следно играме со Челси на гостин, ремизиравме со нив на домашен терен. Нема да биде лесно, двата тима сакаме да ја намалиме разликата со лидерот. Мора да го дадеме максимумот, знам дека ако го сториме тоа ќе го добиеме натпреварот таму, -заклучи Жота.
Comments