Во комплексот на СЦ „Борис Трајковски“: Фестивал на книгата од 7 до 12 септември
Успешните две пандемиски изданија на Саемот на книгата на отворено продолжуваат со одржување на Фестивалот на книгата, кој ќе се одржи во периодот 7-12 септември, на отворениот простор во комплексот на СЦ „Борис Трајковски“ (поранешен картинг), во монтажни објекти.
– Фестивалот е манифестација посветенa на книгата, проследенa со музичка програма во попладневните часови, каде што посетителите ќе може да уживаат во дружење зачинето со одлична програма – посочуваат организаторите.
„Скопје чита!” е мотото на Фестивалот, а ветувачки податок, според организаторите, е фактот што стапката на читаност е значително зголемена последниве две години. На Фестивалот на книгата, на околу 2.000 m² изложбена површина, ќе се претстават 30-ина најголеми издавачки куќи, а со оглед на атрактивноста на понудените наслови и широката програма на изложување, организаторите на Фестивалот на книгата очекуваат посета од 15.000 посетители.
Љубителите на книгата ќе може да избираат од понудата на голем број домашни и странски автори, странска литература, стручна, научна и белетристичка литература, книги за млади и за деца.
Работното време на фестивалот ќе биде од 10:00 до 20:30 часот, а билетите ќе може да се набават на билетарниците пред влезот и ќе чинат по 50 денари.
Comments