top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Во книжарницата „Литература“ промоција на четири нови современи бајки

Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво, сине“ со промоција на четири нови современи бајки од млади автори и илустратори, на 12 мај, (12 ч.), во книжарницата „Литература“ во „Ист гејт мол“, ќе одбележи десет години од своето постоење. „Арс ламина“ е издавач на современите бајки и е партнер на „Браво, сине“ .

На промоцијата ќе бидат претставени бајките: „Океанија“ од авторот Мартин Миљев, а илустрирана од Орце Нинески, „Луѓето и змејовите“ од авторот Владо Јаневски со илустрации од Ем Елефантски, „Детето на месечината“ од авторката Јана Глигороска со илустрации на Јована Велинова-Трајанова и бајката „Зелда и Фе и болниот змеј“, чиј автор на текстот и на илустрациите е Катерина Трајановска.


1 view

Comments


bottom of page