top of page

Во Кинотека: Проекција на концертот на Јосипа Лисац „Ту у мојој души станујеш“

Со проекцијата на концертот „Јосипа ЛисацfromCroatiaRecordsStudio“ – „…ту у мојој души станујеш…“, на 8 јули, во летното кино „Мирно лето“ (20:30 часот), продолжува циклусот Концерти во Кинотека со CroatiaRecords. Овој музички настан несомнено претставува врвно аудиовизуелно остварување, што се потврдува и со податокот дека освен на CD и BluRay диск, овој концерт беше објавен и на винил. На концертот во студио, без публика, Јосипа испеа 12 песни – од култната „Богиња“, до легендарната „Магла“, вклучувајќи ги и: „О једнојмладости“, „Док размишљам о нама“, „Данас сам луда“, Хир, хир, хир“, Гдје Дунав љуби небо“…

И овој концерт големата дива му го посвети на нејзиниот легендарен сопруг Карло Метикош. Концертот беше реализиран во студиото на „CroatiaRecords“ во Загреб на 30 октомври 2018, во придружба на музичарите: Тони Старешиниќ (клавијатури), БорнаШерцар (тапани), Давор Чрнигој (бас гитара) и Јосип Грах (труба и хармоника).

„Јосипа Лисац е сонувач кој сонува со очи ширум отворени, и е непоправлив идеалист и визионер. Со нејзиниот волшебен глас, таа е рамо до рамо со светските музички великани ЕдитПјаф и ФредиМеркјури…„ – пишува во белешката за концертот.

Програмата стартуваше на 1 јули со концертот на Влатко Стефановски, во „Лисински“, а секој следен четврток во овој јули ќе биде прикажан по еден концерт од богатата BLU RAY програма на дискографскиот гигант – концерти кои, според сензибилитетот, одговараат на местото и на времето.


 
 
 

Comments


bottom of page