Во Кина пронајдена златна маска меѓу реликвии стари 3.000 години
21.09.2021 Septemvri Vtornik
Златна маска што датира од пред 3.000 години е пронајдена во југозападна Кина, меѓу голем број реликвии. Реликвиите се пронајдени во археолошката област Саншингдуи, во близината на градот Ченгду. На оваа локација во последните 100 години се пронајдени илјадници артефакти, а златната маска со тежина од 100 грама беше пронајдена летово.
Се верува дека маската била дел од поголема бронзена глава, а не посебен предмет. Маската најверојатно датира од доцната династија Шанг.
Во последните неколку месеци, во споменатиот археолошки локалитет беа пронајдени околу 500 предмети, меѓу кои била и златната маска. Исто така, имало предмети од слонова коска, нож, свечен сад и бронзени фигурини.
Многу од предметите биле изгорени пред закопувањето, што покажува дека биле користени за жртвени цели.
Саншингдуи сѐ уште не е под заштита на УНЕСКО, а на оваа локација има музеј каде што се изложени голем број артефакти.
Comments