top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Во Капан ан: Промоција на збирката песни „Карши“ од Котевска-Георгиева

„Карши“ е насловот на збирката песни од авторката Маријана Котевска-Георгиева, која со мултимедијален настан, на 3 октомври (19 часот), ќе биде промовирана во Капан ан. Книгата е објавена на македонски и на англиски јазик, а е во издание на „Арс Либрис“.

„Карши“ е книга за бескрајот на прапочетокот и на иднината кои дишат одеднаш, во исто време во стравот од крајот на мигот. Кои сме ние наспроти (карши) другите: себеси, светот, животот воопшто? „Јас сум процес, не човек“, вели Котевска-Георгиева во една од песните во збирката.

За време на промоцијата во Капан ан ќе биде поставена изложба на Сандра Котевска, академска сликарка, магистер по ликовна уметност. Таа е и авторка на корицата и на илустрациите во книгата. Специјален гостин на настанот ќе биде Бранислав Николов, вокалистот на групата „Фолтин“, кој ќе има интерактивен настап.



1 view

Comments


bottom of page