top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Во Италија почнува серијата за Ангела Меркел во улога на детектив


15.07.2024 Juli Ponedelnik

Во Италија беше прикажана првата епизода од германската серија „Госпоѓа Меркел и убиството во замокот“, инспирирана од поранешната канцеларка Ангела Меркел и госпоѓицата Марпл, лик создаден од писателката Агата Кристи.

Серијата почнува по завршувањето на нејзиниот мандат, а Меркел живее во Источна Германија со сопругот и телохранителот и почнува да го истражува криминалот бидејќи пензионерскиот живот ѝ здодеал.

Серијата во два дела е базирана на трилогијата на писателот Дејвид Сафиер, кој наведува дека инспирацијата за оваа тема ја добил кога дознал дека Меркел нема да се кандидира за реизбор во 2019 година, пренесува „Дојче веле“.

Италијанскиот весник „Кориере дела сера“ забележа „извесна врева и изненадување на социјалните мрежи“ кога трејлерот за првата епизода беше објавен на платформата Х.


4 views

Comments


bottom of page