top of page

Во Египет е пронајден еден од изгубените „храмови на сонцето“ стар 4.500 години

18.11.2021 Noemvri Cetvrtok

Археолозите веруваат дека откриле еден од изгубените египетски „храмови на сонцето“, кој датира од средината на 25 век п.н.е. На локалитетот се пронајдени посмртни останки закопани под втор храм во Абу Гураб, околу 19 километри јужно од Каиро. Откритието на Масимилијано Нуцола (Massimiliana Nuzzola), доцент по египтологија на Институтот за медитерански и ориентални култури во Варшава и неговиот тим, беше претставено во емисијата „Изгубеното богатство на Египет“ на ТВ каналот Национална географија, што се емитувала неодамна.

Уште во 1898 година, археолозите кои работеле на локалитетот го откриле Храмот на Сонцето Нусера (Nyuserra), познат и како Нејсер (Neuserre) или Нусер (Nyuserre), фараонот кој владеел со Египет помеѓу 2400 и 2370 година п.н.е.

Новите откритија објавени за време на ТВ емисијата сугерираат дека бил изграден на врвот на остатоците од друг сончев храм. „Археолозите од 19 век ископале само мал дел од оваа зграда од тули и кал под камениот храм на Нусера и заклучиле дека ова било претходната фаза во изградбата на истиот храм“, изјавил Нуцола за Си-Ен-Ен.

„Сега нашите наоди покажуваат дека ова била сосем поинаква зграда, подигната пред Нусера“, рекол тој. Меѓу наодите се и печати со врежани имиња на кралевите кои владееле пред Нусера, кои некогаш биле користени како чепови за тегли, како и основи на варовнички столбови, кои биле дел од влезниот трем, и варовнички праг.

Оригиналната конструкција била целосно направена од тули од кал, рекол Нуцола, чиј тим исто така пронашол десетици недопрени тегли со пиво за време на ископувањето. Споменикот од тули и кал „имал импресивна големина“, рекол египтологот, но Нусера ритуално го уништил за да изгради свој храм на сонцето. Додека овие храмови биле посветени на култот на богот на сонцето Ра, кралот ја легитимирал моќта преку својот храм и се претставил како единствениот син на богот на сонцето на Земјата, додал тој.

„Индиректно, според тоа, главната цел на храмот била да биде место за обожавање на живиот крал“, рекол Нуцола. Историските извори сугерираат дека биле изградени вкупно шест вакви храмови, но само два биле претходно ископани.

ree

 
 
 

Comments


bottom of page