top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Во Драмски почнаа пробите за „Моето име е Горан Стефановски“, чија премиера се најавува за 26 март

Во Драмскиот театар – Скопје започнаа пробите за новата претстава „Моето име е Горан Стефановски“ чија премиера е закажана за 26 март годинава.

Режисер на претставата е Бранислав Миќуновиќ, драматург е Бранислава Илиќ, сценограф Александар Дениќ, костимограф Розе Трајчевска, а авторската музика е на Влатко Стефановски.

Улогите во претставата ги толкуваат: Билјана Драгиќевиќ – Пројковска, Јелена Жугиќ, Софија Куновска, Соња Стамболџиоска, Ана Димитрова, Мето Јовановски, Драган Спасов Дац, Игор Ангелов, Златко Митрески, Стефан Вујисиќ и Дамјан Цветановски.

Горан Стефановски (Битола, 27 април 1952 – Кантербери, Велика Британија, 27 ноември 2018) е македонски драмски писател. Тој зазема значајно место во современата македонска книжевност и се смета за еден од најистакнатите македонски драматурзи. Автор е на многу текстови и драми, меѓу кои „Диво месо“, „Јане Задрогаз“, „Лет во место“, „Хај-Фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Демонот од Дебар Маало“.


2 views

Comments


bottom of page