Search
Во Долни Сарај, Охрид: Музиката на Џими Хендрикс во изведба на „ЗЏМ биг бенд“
Здружението на џез-музичари и слободни уметници „ЗЏМ Скопје“ на 6 август, со почеток од 22 часот, на летната сцена Долни Сарај во Охрид, ќе изведе дел од музиката на музичката легенда Џими Хендрикс, со биг бенд аранжмани.
ЗЏМ ја одбра музиката на овој великан кого „The Rock and Roll Hall of Fame“ го опишува како „веројатно, најголемиот инструменталист во историјата на рок-музиката“. Станува збор за американски гитарист, пејач и текстописец, поточно за еден од највлијателните гитаристи во историјата на популарната музика и еден од најпознатите музичари на 20 век.
Како специјален гостин на концертот ќе настапи италијанскиот саксофонист Франческо Беарцати, а со биг бендот ќе диригира Џијан Емин.
Comments