Во Делчево отворена изложбата на дела од ликовната колонија ,,Св.Ѓорѓија” од Неготино
15.07.2021 Juli Cetvrtok
Во фоајето на Спомен домот АСНОМ во Делчево отворена ликовната изложба на уметнички дела како дел од Детската ликовна колонија која традиционално секоја година се одржува во манастирот Св.Ѓорѓија во Неготино.
„Денеска имаме прилика да видиме дела изработени во акрил на платно. Имаме 20 дела со мотиви од пејзажи, така што карактеристично е тоа што секој од младите уметници се претставил со неговиот оригинален стил“, истакна Александар Белогаски од делчевскиот Центар за култура.
Директорот на установата Методи Толевски за в петок ја најави и изложбата на фотографии која ќе биде отворена во Делчево.
„Во делот на ликовната дејност ќе имаме изложба на фотографии на културен работник од Кичево. Изложбата ќе се одржи во петок, а во рамки на истата посетителите ќе имаат можност да видат 35 дела“, истакна Толевски.
Додаде дека истата се реализира под покровителство на Министерството за култура.
Паралелно како што дополни установата се подготвува за музичкиот дел од музичкото културно лето во чии рамки ќе се одржат неколку концерти во Делчево.
Comments